Иванов ги прими акредитивните писма на амбасадорите на Еквадор и Пакистан
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Еквадор и Исламска Република Пакистан.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за Република Македонија со седиште во Рим, Хуан Холгун Флорес, македонскиот претседател истакна дека и покрај географската оддалеченост, постои заедничка желба и потенцијал за сеопфатно развивање на меѓусебните односи и изрази уверување дека во блиска иднина ќе се интензивира билатералниот политички дијалог и меѓусебната соработка, особено во доменот на економијата, културата и туризмот.
Новоименуваниот амбасадор на Еквадор, Флорес ја искажа својата заложба за унапредување на билатералните односи особено во областа на економијата, како и за актуелни меѓународни прашања и регионални теми од заемен интерес.
Претседателот Иванов на средбата со новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Македонија со седиште во Анкара, Сохаил Махмуд, изрази уверување дека со заемен ангажман во претстојниот период ќе се интензивира политичкиот дијалог и соработка меѓу двете земји.
- Длабоко сум уверен дека пред нашите две земји кои ги одликува богата и древна културна традиција, претстојат многу можности за унапредување на соработката, како на билатерален, така и на мултилатерален план, истакна претседателот Иванов.
Новоименуваниот амбасадор на Пакистан, Махмуд ја изрази подготвеноста за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, особено во областа на трговската размена, научната и технолошката соработка.
Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.
Ново на Сител
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
-
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел
-
Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО