Иванов ги посети командите и единиците на АРМ во касарната „Илинден“
Претседателот Ѓорге Иванов денеска беше во посета на касарната „Илинден“ каде што изврши увид во обуката кај различни единици на АРМ, со повеќе специјалности.
Иванов, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, посетил и дел од просториите за живот и работа на активниот воен персонал каде го согледал нивото на условите за работа и функционирањето на касарната.
Тој ги посетил Баталјонот за почести, Баталјонот за врски, Инженерискиот баталјон, Баталјонот на Воена полиција, Баталјонот за специјални намени и Ренџерскиот баталјон од Полкот за специјални операции.
Македонскиот претседател, како што се наведува во соопштението, оценил дека АРМ презентира висок степен на обученост и посветеност во стручно-специјалистичката обука и покрај предизвиците со кои се соочува на финансиски план.
Иванов истакнал и дека во услови на засилен ангажман на јужната граница во поддршка на Граничната полиција, припадниците на АРМ успешно ги извршуваат наменските задачи.
- Во моментов една од приоритетните задачи на АРМ е ангажирањето на јужната граница во поддршка на Граничната полиција, но денеска овде се уверив дека и другите задачи не се запоставени. Покрај нејзината основна задача, а тоа е заштита на териоторијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија, Армијата пред три месеци во поплавените подрачја покажа дека е институција со најголем капацитет, кога се во прашање реакција и помош на граѓаните во услови на елементарни непогоди, истакна Иванов.
За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со командантите на баталјоните лоцирани во касарната „Илинден“, на која беше запознаен со актуелните состојби и предизвици со кои се соочува пониското ниво на командување во Армијата, со цел унапредување на квалитетот на обуката и стандардот на припадниците на АРМ.
Претседателот Иванов, како што стои во соопштението од неговиот кабинет, во следниот период ќе ги посети и другите гарнизони на АРМ за непосредно согледување на состојбите во Армијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото