Иванов: Бидете спокојни, сè додека јас сум претседател нема да дадам мандат за рушење на државниот суверенитет!
„Бидете спокојни. Се додека јас сум претседател, немам да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на државниот суверенитет“, рече Иванов.
Ние немаме резервна држава. Република Македонија е единствената држава што ја имаме. И немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на се уште неродените, на нашите деца и потомци.
Затоа, сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни.
Сè додека сум Претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив, порача Иванов.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости