Иваниќ: Во следните 20 години ќе нема промена на границите на Балканот
Актуелното уредување на Балканот ќе остане непроменето во следните 20 години и не верувам дека е можна некоја голема промена во наредниот период, оцени претсадавачот на Претседателствот на БиХ, Младен Иваниќ во интервју за белградскиот весник „Политика“.
- Не гледам кој би можел да го стори тоа. За некаква промена потребна е голема согласност на сите клучни меѓународни актери, а такво нешто засега нема. Дури ни во земјите од регионот нема согласност за поинаква рекомпозиција, изјави Иваниќ.
Српскиот член на босанското Претседателство оценува дека состојбата во Босна и Херцеговина е влошена во последнава година, но мисли дека мирот во земјата не е загрозен.
- Мислам дека нема да има закани по мирот, затоа што граѓаните на БиХ повеќе не сакаат војна. Тие немаат ни со што да војуваат, а не гледам ни што би добиле со тоа, изјави Иваниќ.
Според него, залудни се надежите на некои дека со евентуална нова војна во БиХ би успеала да ја укинат Република Српска.
- Од друга страна ниту приказните за независност на Република Српска немаат поддршка од официјален Белград, бидејќи со тоа Србија би морала да се откаже од Косово и Метохија, потенцира Иваниќ.
Запрашан како функционира босанското Претседателство во услови на зголемени тензии, тој одговора дека односите меѓу неговите членови се нормални, затоа што, како што нагласи, „кризите никогаш не биле предизвикувани од одлуки на Претседателството“.
Иваниќ потенцира дека главните несогласување во БиХ се на релација Сараево - Бања Лука, но нагласува дека заложбите за сепаратизам од некои сили во Република Српска се последица на провокациите на некои бошњачки политичари во Сараево.
Ново на Сител
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова