Ивана сакала да го остави хирургот но тој не дозволувал: Агонијата траела долгo а тогаш актерката за влакно ја избегнала смртта
Во ужасната семејна драма која се случила утрово, ранета е позната млада актерка Ивана Панзаловиќ (30).
На нејзе пукал нејзиниот дечко, угледен белградски хирург Срѓан Цветановиќ (59) вработен во Воената-медицинска академија.
Докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно. Наводно таа сакала да го остави повеќе пати, меѓутоа тој тоа не го дозволувал, пренесуваат медиумите.
- Таа е добро дете, во шок сме, сега со Бане се најдовме. Никогаш не се има пожалено дека имала било какви проблеми со дечкото, затоа нас се ова не остави без текст - изјавил актерот Саша Пантиќ кој во тој момент бил со Бане Видаковиќ. Тие двајца со Ивана имаат добри односи уште од Курсаџии, проект на кој работеле заедно.
Инаку минатата година Ивана на едно нејзино гостување во една емисија изјавила каква личсност е таа и открила детали за себе.
- Јас го кажувам се она што го мислам. И секогаш добро поминувам кога ќе го кажам она што го мислам, било тоа да се однесува на љубовта, работата или пријателските односи - рекла младата актерка.
Од тогаш многумина го приметиле нејзиниот шарм и талент а не изостанале ни комплиментите на сметка на нејзината убавина.
Актерката играла во сериите Синѓелиќ, Фолк, како и во филмовите, Монтевидео Бог те видео, Последна ноќ итн.
Ново на Сител
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски