ИТНА СЛУЖБА - ТЕКСАС
Храбрите спасувачи од Тексас се враќаат со нови возбудливи авантури. Капетанот Овен Странд и екипата од станицата 126 повторно ќе се соочуваат со опасни и непредвидливи ситуации, во кои секоја секунда може да биде пресудна. Од големи несреќи и природни катастрофи, до необични случаи кои бараат брза реакција.
И во новите епизоди, спасувачите се подготвени да одговорат на секој повик за помош. Но, новите предизвици нема да бидат само на теренот. Овен, Тајлер, Пол, Грејс, Томи, Ненси и останатите членови на тимот ќе се соочат со важни животни одлуки, нови одговорности и моменти кои ќе ги стават на тест и нивните пријателства, љубовта и семејните врски.
Опасноста ќе ги демне постојано, а хуманоста ќе ги води низ најтешките задачи кои стојат пред нив. Итната служба од Тексас во нови адреналински акции, секоја ноќ на полноќ.
Ново на Сител
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
