Итен дефект на водоводна линија, утре без вода делови од Скопје

Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење.
- Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: булевар „Александар Македоски“, дел од улицата „808“, дел од булеварот „Киро Глигоров“, населбата Автокоманда ќе биде со намален притисок во ниска зона, Триангла со намален притисок, населбата Хиподром со намален притисок, улицата „Перо Наков“ кај Кванташки со намален притисок. Со прекин на водоснабдување и населбата Методија Андонов Ченто, улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“ и село Сингелиќ, појаснуваат од претпријатието.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
