Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Северна Македонија
– Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција.
По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, Матарела ќе има обраќање пред пратениците. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп