Балкан
15. September 2016 - 18:47

Италијанскиот претседател го поддржува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја потврди силната поддршка за земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ, а посебно на Србија, Црна Гора и Албанија.

Тој на крајот од средбата, на која учествуваа десет шефови на држави од ЕУ, „United for Europe“ во Софија, истакна дека „тоа е потребно“ за да се гарантира мирот и стабилноста во регионот.

- Треба да се испратат позитивни пораки дека патот за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е секогаш отворен, имајќи предвид дека „прогресивното проширување“ на Европа треба да продолжи кон сите држави, изјави Матарела.