-->
-->
Италијански мафијаш уапсен, објавувал готварски видеа на Јутјуб
-->
Италијански мафијаш за кого беше распишана меѓународна потерница, е уапсен, бидејќи самиот тој ги покажувал своите готварски вештини преку видеоснимки на Јутјуб.
Италијанската полиција преку интернет стигнала до Марк Ферен Клод Бјарт (53), следејќи ги објавените снимки на Јутјуб… Имено тој и го криел лицето со маска, но заборавил да си ги покрие тетоважите.
Бјарт е член на мафијашката организација „Ндрангета“. Тој е во бегство од 2014 година, кога беше распишана потерница за апсење под обвинение за трговија со дрога во Холандија.
Бил уапсен во Доминиканската Република минатата среда и чека да биде испорачан во Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен