-->
-->
Италијански комесар: Итно да се воведе воена економија
-->
Доменико Аркури е комесар назначен од премиерот Конте за справување со итни случаи со коронавирусот.
Аркаури има тешка задача да помогне да се намали заканата од заразата и да се заштитат што повеќе луѓе:
- Со ваков начин на однесување и работење не го ризикуваме само здравствениот систем туку и економијата. Ние мораме да воведеме воена економија која ќе одговори на нашите потреби. Не смееме да дозволиме да увезуваме индустриски производи од други индустрии а да ги замираме нашите производствени капацитети. Напротив треба да ги трансформираме и тие да одговорат на нашите потреби. Да произведуваме маски, да опремиме што повеќе болници со потребните помагала за интензивна нега произведени во наши фабрики. Потоа мораме да го ограничиме движењето на граѓаните и да ги направиме поодговорни.. Не може од 172 000 направени контроли дури 8000 луѓе да бидат излезени надвор без никаква причина. Ги анализиравме и мобилните телефони и забележавме дека дури 40 % се во движење. Така не се регулира пандемија. Затоа ќе подготвиме сертификати со кои ќе се потврдува карантинот или самоизолацијата за секое лице индивидуално и лесно ќе се консттира прекршување кое потоа ригорозно ќе се санкционира- категоричен е Аркури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
