Италијанската полиција заплени четири тони марихуана
Италјанската полиција заплени околу четири тони мархуана, која тројца Албанци се обиделе да ја прошверцуваат со луксузна јахта, која пловела под амерканско знаме.
- Тројцата Албанци, жители на Драч и Тирана, во понеделникот влегле во Црна Гора, од каде, потоа, според првичните информации од истрагата, од црногорското крајбрежје испловле со изнајмената јахта натоварена со дрога.
Според истиот извор, јахтата, која пловела под американско знаме, била забележана од италијанската поморска полициска патрола во територијаланите води кај Виесте, по што ја следеле и од воздух пред да ја запрат.
Истрагата треба да го потврди потеклото на дрогата, чија вредност на пазарот се проценува на 20 милиони евра. Полицијата основано се сомнева дека дрогата до црногорскиот брег е транспортирана од Албанија со моторни чамци.
Деновиве италијанската полиција заплени 2,3 тони мархуана, која била транспортирана од Албанија, при што шверцерите користеле алтернатвен пат по Јадранско Море.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците