Италијанската полиција заплени 760, а грчката 104 килограми марихуана
Италијанската поморска полициска парола Гуадра ди финанца заплени 760 килограми марихуана, која била транспортирна со моторен чамец од албанскиот брег.
Во акцијата која била спроведена во соработка со албанската полиција уапсен е албанскиот државјанин Е.М.(29) од Валона и еден италијански државјанин.
По дојавата од албанската полиција, италијанските колеги чамецот го пресретнале на десет милји оддалеченост од Сант Андреа кај Лече.
Во меѓувреме грчката полиција кај селото Калпаќ, во близина на пограничниот град Јанина, заплени 104 килограми марихуана, внесена од Албанија.
Во ова криминално дело биле вклучени две возила, при што во едното била дрогата, маж и жена Албанци и еден Грк, додека во другото две грчки државјанки и четиригодишно дете, со цел, според полицијата, да не бидат сомнителни.
Освен дрогата полицијата во едно од возилата пронашла и оружје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга