Италијанската полиција заплени 450 килограми марихуана од Албанија

Италијанската полиција, во пристанишниот град Бриндизи, заплени 450 килограми марихуана и го уапси 47-годишен албански државјанин од Валона.
Дрогата била откриена при контрола на возилото во сопственост на уапсениот, скриена во еден дел, а околу било попрскано со бензин за да не може да ја почувствуваат полициските кучиња, јавува дописникот на МИА од Тирана.
Дрогата, според полицијата била спакувана во 300 пакети, а нејзината вредност се проценува на пет милиони евра.
Осомничениот е уапсен, а дрогата, возилото и неговиот телефон се запленети како доказен материјал.
Ден пред тоа италијанската полиција во близина на италијанско-австриската граница заплени 93 килограми кокаин и уапси двајца албански државјани.
Доколку дрогата би стасала на пазарот во дози, нејзината вредност се проценува на 18 милиони евра.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
