Италијанската крајбрежна стража спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци
Италијанската крајбрежна стража вчера од два брода покрај бреговите на Сицилија, спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци. На бродовите имало и ирачки државјани.
Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци соопшти дека овој случај претставува најголем обид за масовна миграција од Сирија и Ирак кон Италија од почетокот на годината.
Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјави дека од едниот брод се спасени 515 лица, а од другиот 380.
Засега не е прецизиран точниот број на националноста на мигрантите.
Портпаролката на Комесаријатот на ОН изјави дека Сиријците и Ирачаните најверојатно испловиле од Египет, а не од Либија, традиционална точка на заминување на повеќето мигранти, кои се упатила кон Италија.
Комесаријатот посочи дека во април во Италија пристигнале повеќе мигранти, отколку во Грција, 9.149 наспротив 3.650, нешто што е забележано прв пат од мај 2015 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ