Италија: Спасени 1.850 имигранти
Италијанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 1.850 имигранти во осум одвоени операции во Сицилијанскиот теснец, додека се повеќе се зголемува бројот на чамци кои тргнуваат од либискиот брег.
Брод на крајбрежната стража пресретнал две бротчиња со вкупно 740 лица, додека бродот на морнарицата им помогнал на чамците во кои имало 255 луѓе, се наведува во соопштението, јавува Танјуг.
Рутата ја променил и товарен брод со цел да помогне на група од 117 имигранти, додека брод на морнаричките сили на ЕУ спасил 738 лица кои биле во три чамци.
Според податоците на УНХЦР, од почетокот на годинава до крајот на март, околу 17.500 луѓе пристигнале во Италија.
Пред две недели, речиси 1.600 имигранти се спасени во истата област, што покрена стравување дека голем број имигранти ќе тргнат по истиот пат, со оглед на тоа дека морето е смирено со доаѓањето на пролетта.
Ново на Сител
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер