Италија: Лажна вест за тоа дека мигранти изеле четири кучиња
Под наслов „Мигрантите убиле, запалиле и изеле четири кучиња“, дневниот весник „Либеро“ објави вест и видео на извесна „госпоѓа Рози“ (Сењора Рози) од Лампедуза, која тврди дека муслимански мигранти „украле и испекле на ражен не само четири нејзини кучиња, туку и кози, кокошки и други домашни животни и само свињите ги оставиле“.
Веста ја пренесоа и други медиуми, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.
Меѓутоа, експертите од онлајн изданието „Опен“, кое се занимава токму со демонтирање на лажни вести, утврди дека станува збор за лага. Во овој случај, во истрагата и разобличувањето на лажната вест учествувале и антрополози и форензичари. Со истрагата е утврдено дека „госпоѓа Рози“ и во 2018 година објавила слична вест, кога исто така било утврдено дека е лажна, и оти таа редовно објавува слични содржини на наофашистички сајтови. Исто така, нејзиниот Твитер налог во повеќе наврати е блокиран токму поради објавување лажни вести.
– Ова е опасно манипулирање со ситуацијата, фрла дамка на лампедуза и сите нејзини граѓани, а служи единствено за да шири омраза кон мигрантите. Крајно време е државата да усвои мерки за соодветно казнување на оние кои произведуваат и шират лажни вести, изјави градоначалникот на Лампедуза Тото Мартело.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград