Италија и Полска остануваат оптимисти дека денеска или утре ќе се одобри почеток на преговори
Амбасадорите на Италија и на Полска во земјава, Карло Ромео и Војчех Тицински остануваат оптимисти дека денеска или утре лидерите на ЕУ ќе одобрат почеток на преговори на земјава, бидејќи, како што велат, Северна Македонија ги исполни сите предуслови за тоа.
– Позицијата на Италија за европската перспектива на вашата земја отсекогаш била јасна – цврсто ја поддржуваме аспирацијата на Северна Македонија да отвори преговори со Европската Унија, што е можно побрзо. Тоа веќе го потврдивме и во јуни минатата година, рече денеска Ромео кој присуствуваше на завршниот настан „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“.
Изрази жалење дека она што во моментот е актуелно во Брисел е оти не постои едногласност по тоа прашање кај земјите-членки, но се уште се оптимисти дека на земјава ќе и се одобри почеток на преговори.
– Се надеваме дека ќе најдеме можен компромис. Во секој случај, каква и да биде одлуката, местото на С. Македонија е во Европската Унија, порача италијанскиот амбасадор.
И позицијата на Полска е многу слична со италијанската.
– Од самиот почеток го поддржуваме пристапувањето на Македонија во ЕУ и да започне преговори. Знаеме дека на високо ниво не сите наши пријатели го споделуваат нашето мислење. Но се надеваме дека уште вечерва или утре тие недоразбирања ќе бидат решени и оти ќе се овозможи почетокот на преговорите, изјави полскиот амбасадор Тицински.
Според него, доколку тоа не се случи, останува на Северна Македонија да ја убеди Европската Унија, односно земјите-членки дека се она што било поставено како предуслов е исполнето, со аргуементи да побараат отворање на преговорите.
Ново на Сител
-
ДИК: Обработени 59,40% од гласовите - Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984
-
ДИК: Обработени 56,05% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 217.533 - СДСМ 73.922
-
ДИК: Обработени 43,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 153.993 - СДСМ 51.885
-
ДИК: Обработени 35,94% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 118.498 - СДСМ 40.281
-
ДИК: Обработени 40,67% од гласовите - Силјановска Давкова 190.926, Пендаровски 92.597
-
ДИК: Обработени 27,34% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 87.037 - СДСМ 29.671
-
ДИК: Обработени 32,18% од гласовите - Силјановска Давкова 148.568, Пендаровски 71.906
-
МВР: Можеби најмирните избори досега од безбедносен аспект