Италија: 97 смртни случаи за еден ден, 1.797 новозаразени од корона вирус

Во Италија од новиот коронавирус досега починаа 463 лица, односно 97 повеќе од вчера. И, бројот на заразени се зголеми за 1.797 за 24 часа, така што вкупно 9172 лица се заразени во земјата, изјави италијанскиот комесар за здравство Анџело Борели.
Според тие податоци, 333 луѓе починале само во регионот на Ломбардија, а заразени се 5.469.
Во болниците има 2.820 лица, од кои 440 се на интензивна нега. Борели рече дека 724 лица оздравеле во меѓувреме, пренесува АНСА.
Во Италија, бројот на смртни случаи и заразени со вирусот драматично се зголеми и покрај воведувањето на карантини во Ломбардија и други области на северот и новите радикални мерки на Владата за борба против ширењето на коронавирусот.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени денеска дека Италија го прожувува својот намрачен момент, но изрази увереност дека доколку се почитуваат правилата земјата ќе ја надмине ситуацијата.
– Ова е нашиот најмрачен час, но ќе го надминеме, изјави Конте за весникот „Република“.
– Имаме две цели – да се спречи ширење на вирусот и да се зајакнат здравствените структури за да го надминеме овој предизвик, истакна Конте. Тој ги повика сите региони ефикасно да ги спроведуваат мерките на Владата.
Што се однесува на борбата на економски план, Конте посочи дека Италија ќе мора да примени „силна шок терапија“ и оти ќе биде потребен ефикасен план за обнова во сите области.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
