Македонија
30. September 2021 - 8:48

Истури вегета на кандидатите за градоначалници за Охрид за да замезат со парите што ги земаат

Вистинско шоу во студиото на ТВ24 вечерва направи кандидатот на ТМОРО за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски кој беше дел од предизборната дебата во која учествуваа и неговите противкандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Цветковски кој во поголемиот дел од дебата преку себе носеше знаме со сонцето од Кутлеш и маица на која пишуваше „Север на мајка ти“ во еден момент извади вегета и им ја даде на противкандидатите порачувајќи им да замезат со парите што ги лапаат.