Истражување: Пациентите дијабетичари имаат 12 пати поголем ризик да умрат од коронавирус
Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати.
Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за време на неколку месеци пандемија. Според нив, дијабетесот е на втор место по тежина на компликации после срцевите заболувања.
Авторот на истражувањето, Пракаш Дидвања, доктор по медицина во Калифорниски универзитет, смета дека заболувањата даваат до знаење дека треба да се воведат „итни и сериозни мерки за контрола на заразени од коронавирус“.
Научниците сметаат дека при амбулантно лекување во услови на пандемија, докторите ја губат контролата над состојбата на пациентите.
Посетата на дијабетичари на амбулантен преглед се намалила за 10 проценти. Исто така, овие болни се помалку го следат нивото на шеќерот во крвта. Научниците сметаат дека во вакви случаи, од голема помош може да биде телемедицината.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија