Истражување на „Аристотелу“: Загадувањето на Вардар не ги надминува европските стандарди
Од хемискиот оддел на солунскиот универзитет „Аристотелу“ во рамки на реализираниот проект со општина Гевгелија за одржливо управување на водните ресурси, стигнаа првите резултати од мерењето на загадувањето на реката Вардар кои не ги надминуваат европските стандарди.
-Досегашните мерења на квалитетот на водата од Вардар покажуваат присуство на тешки метали, пестициди и инсектициди кои се препишуваат на прскањата против комарци како и присуство на медикаменти. Првичните анализи покажуваат дека за среќа констатираните загадувања не ги надминуваат европските стандарди, рече Димитра Ламбропулу од универзитетската лабораторија во Солун.
За грчкиот дел од реката Вардар таа нагласи дека посебно карактеристична е концентрацијата на медикаменти, додека на наша страна во водата има зголемено присуство на тешки метали и пестициди.
Примероци на вода од нашата страна на реката Вардар наскоро ќе се анализираат и во лабораторијата на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија која е опремена со современи инструменти.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
