Истражување: Лицата помлади од 20 години потешко се инфициираат со новиот коронавирус

Лицата помлади од 20 години се двојно помалку подложни да се инфицираат до Ковид-19 во споредба со повозрасните луѓе, а клинички симптоми на новиот коронавирус се појавуваат кај една петтина од децата и адолесцентите, покажува најновото истражување.
Истражувањето на математичкиот модел на пандемијата со Ковид-19 е формулиран врз основа на податоци земени од 32 место во шест држави – Кина, Италија, Јапонија, Сингапур, Канада и Јужна Кореја, а резултатите од студијата се објавени во списанието „Нејчер медисин“ (Nature Medicine).
Истражувањето покажува дека симптомите на Ковид-19 се појавуваат во 69 отсто од случаите кај лица над 70 години.
Научниците, исто така формулираа симулиран модел на пандемија во 146 главни градови ширум светот и открија дека очекуваниот број на клинички случаи зависи од просечната старосна структура и оти државите со помладо населени има помал товар од пандемијата.
Научниците посочуваат дека резултатите на истражувањето произлегуваат од симулираните модели и оти треба да бидат поткрепени со истражувања во реални ситуации поврзани со пандемијата.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
