Истражување: Голем јаз помеѓу вредноста на набавките на општините

Општините минатата година потрошиле 80 милиони евра за јавни набавки, што е за 44 проценти помалку од претходната година, покажува базата со податоци за сите набавки на општините што ја објави денеска Центарот за граѓански комуникации.
Базата, со податоци за општинските тендери за последните три години, открива голем јаз помеѓу вредноста на набавките на општините.
- Само десет општини потрошиле за јавни набавки половина од парите што ги трошат сите општини заедно, односно околу 42 милиони евра. И кај фирмите е забележана истата концентрација. Првите десет фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки заедно учествуваат со 22 процента во вкупната вредност на набавките на општините, информира Центарот за граѓански комуникации.
Базата ги содржи сите 2.737 договори за јавни набавки склучени меѓу 80-те општини и Градот Скопје со 1048 фирми. Овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, како и графички прегледи на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Нуди податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител.
Базата на јавните набавки на општините е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Јавно трошење за јавно добро“, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува Центарот за граѓански комуникации е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
