Истражување: Децата зачнати по катастрофата во Чернобил немаат ДНК мутации

Децата чии родители беа изложени на радијација од Чернобил немаат голем број на ДНК мутации, покажуваат резултатите од новото истражување, изјави Стивен Ченок од Националниот институт за карцином на САД.
Ченок наведе дека во истражувањето биле вклучени 130 семејства и се споредувала ДНК на родителите кои беа изложени на радијација во Чернобил во 1986 година и на нивните деца зачнати по несреќата .
Резултатите од истражувањето сугерираат дека ДНК на децата зачнати по несреќата во Чернобил немаат поголеми мутации во споредба со другите деца.
Тоа е меѓу првите истражувања што систематски ги проценува промените во стапката на мутација кај луѓето кои биле изложени на радијација.
Истражувањето покрај што обезбедува нови сознанија за тоа како радијацијата влијае врз човечкото тело,резултатите треба да им помогнат на другите луѓе, кои можеби биле изложени на радијација, како тие што живеат во близина на Фукушима, Јапонија, за да се охрабрат да се вратат во своите домови или да планираат семејство.
Ново на Сител
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
