Истражување: Бројот на милијардери во светот се искачи на над 1.500
Бројот на милијардери минатата година се зголемил на над 1.500, што е за десет отсто повеќе во однос на 2015 година, најмногу заради „бран“ од Азија, наведуваат во извештај швајцарскиот банкарски гигант UBS и ревизорите од PwC.
Според годишниот извештај, првпат се евидентирани повеќе милијардери во Азија (637) отколку во САД (563).
Европа е на третото место во базата на податоци на милијардери, со вкупен број од 342.
Вкупното богатство контролирано од страна на ултрабогатата група достигна до шест трилиони долари (5,1 трилиони евра), што претставува зголемување од 17 отсто во однос на претходната година кога богатството на милијардерите всушност се намалуваше, се наведува во извештајот.
Групата од 1.542 милијардери поседува или делумно ги контролира компаниите кои вработуваат 27,7 милиони луѓе.
Три четвртини од оние кои станаа милијардери во 2016 година, според резултатите од извештајот, се од Кина и Индија.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман