Истражување: „Аспиринот“ сепак не им користи на сите

Мала доза „Аспирин“ на ден, како што се смета, им помага на оние што преживееле срцев удар, но резултатите од новото истражување покажуваат дека за другите луѓе лекот нема голема корист.
- Луѓето кои преживеале срцев или мозочен удар, може да имаат корист од „Аспиринот“. Тоа ја намалува опасноста од повторување на ударот, и е препорачливо, смета д-р Холи Андерсон од Презвитеријанската болница во Њујорк.
Кај пациенти со умерен ризик од срцеви проблеми, сознанијата покажуваат дека „Аспиринот“ не им користи, веројатно зашто претходно користеле други лекови.
- Ризикот од срцеви проблеми со времето се менува и тоа делумно зависи и од нас, односно од начинот на кој ги контролираме некои од причните и симптомите, истакнува д-р Мајкл Гасијано.
Според новото испитување на Европското кардиолошко друштво, коешто опфатило над 15.000 лица кои имаат дијабетес, забележана е зголемена опасност од обилно крварење.
- Утврдивме дека опасноста од крварење порасна за 30 отсто, поради што веднаш се оди в болница. Воглавно, тоа се случува во стомакот, очите и мозокот. Ако се работи за око, тоа може да Ви го загрози и видот, предуппредува Џејн Армитдиџ од Универзитетот Оксфорд.
Ново на Сител
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
