Истражување: Американците фрлаат 150.000 тони храна дневно
Американците фрлаат речиси 150.000 тони храна дневно или повеќе од 400 грама по човек, покажа истражување чии резултати се објавени во научното списание „Плос Уан“ (Plos One).
Фрлената храна се одгледувала на речиси седум отсто од обработливото земјиште во САД и за нејзино производство биле употребени илјадници милијарди литри вода. Оваа храна, исто така, соодвтествува и со 30 проценти од дневниот внес на калории на секој Американец.
Најмногу се фрлаат овошје и зеленчук (39 проценти), потоа млечни производи (17 проценти), месо (14 проценти) и зрнеста храна (12 проценти).
Меѓу производите кои најмалку се фрлаат се чипсот, маслото, слатките и безалкохолните пијалоци.
- Поквалитетните режими на исхрана вклучуваат поголеми количини овошје и зеленчук, кои се фрлаат повеќе отколку другите производи, изјави коавторот на студијата Мередит Нилс, доцент на Универзитетот во Вермонт.
Според неа, „здравата исхрана е важна и носи многу придобивки, но колку повеќе некој ги следи овие режими, толку повеќе треба да сфати дека храната е потрошна“.
Истражувањето е базирано на податоци од Владата и анкети за фрлање храна спроведени меѓу 2007 и 2014 година.
Фрлената храна се произведува со повеќе од 350.000 тони пестициди и речиси илјада тони ѓубриво секоја година, стои во студијата.
Меѓу можните решенија за овој проблем се предлага потрошувачите да се научат подобро да чуваат свежо овошје и зеленчук, а напорите за спречување на фрлање храна да се вклучат во владините програми.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана