Истражувачи од Хонг Конг развиле дрон што може да лета и плови
Истражувачи од Универзитетот на Хонг Конг, Кина, соопштија дека развиле дрон што може да лета и да плови, а се преобразува речиси „за миг“.
Научникот Бен Чен и неговиот тим го претставија револуционерниот нов прототип на квадрикоптер, наречен „Мирс-X“ што може да мине шест минути во воздух или 40 минути под вода на длабочина до три метри. Оваа роботска иновација наскоро ќе биде официјално претставена на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација - ИЕЕЕ.
За „Мирс-X“ да биде успешен, прецизната брзина на пропелерот игра важна улога. Воздухот е многу помалку густ од водата, така што пропелерите на дронот треба да можат брзо да се вртат за да создадат непречено летање, „нуркање“, лебдење и кревање. Покрај тоа, пропелерите на дронот имаат способност да се навалуваат така што се постигнува целосна контрола при движење над и под нивото на морето.
Со своите способности, овој уред нуди можности за теренско истражување, надзор, научни истражувања и многу повеќе.
Прототипот е прилично мал - долг е 38 сантиметри и тежок околу 1,6 килограми. Научниците се надеваат дека при идните експерименти ќе ја зголемат големината на дронот на околу 183 сантиметри. Идните модели би можеле да добијат и дополнителни способности, како носење товар и собирање предмети под вода.
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда