Свет
14. November 2017 - 8:54

Истрага на армијата на Мијанмар не откри докази за насилства против Рохингите

Истрага на армијата на Мијанмар за нејзини акции во државата Ракхајн, населена со Рохинги, не откри докази за масовни насилства, убиства, прогон и уривање на имоти од страна на силите за безбедност против Рохингите.

Армијата тврди дека нејзиниот извештај е врз основа на интервјуа со 2.817 лица од 54 бенгалски села. Така се викаат селата кои се населени со Рохинги, кои властите на Мијанмар ги сметаат за илегални мигранти од Бангладеш.

Војската на Мијанмар дејствувала согласно Женевската конвенција, кога почнале операциите во Ракхајн по убиствените напади против воени и полициски пунктови, што ги извршиле бунтовници Рохинги во август, стои во соопштението на армијата на Мијанмар.