Историски триумф за Шерифовски на ЕП во Софија | ВИДЕО
Македонскиот репрезентативец во џудо и член на џудо клубот „Ippon“ од Скопје, 21. годишниот Еди Шеривоски испиша златна страница во македонската историја на овој спорт. На Европскиот шампионат кој во моментов се одржува во Софија, Шерифовски во првото коло во категоријата до 81. килограм, ја оствари првата сениорска победа на еден наш џудист на Европско првенство воопшто.
Шерифовски го совлада фаворизираниот Михаил Латишев од Молдавија, за да во второто коло поради очигледна судиска грешка и дополнителна ВАР одлука Шерифовски е дисквалификуван во борбата со Лашан Мохеад од В. Британија, пренесува Спортмедиа.
„Секако дека сум презадоволен со настапот. Верував во себе и оваа победа е плод на мојата макотрпна работа сиот овој период. Не е толку важно што се случи во втората борба, допрва следуваат мечеви за мене во кои ќе го покажам својот квалитет. Благорадност до сите кои досега работеле со мене, клубот, репрезентацијата, тренерите, и ветувам дека допрва следува најдоброто од Еди Шерифовски“ – изјави младиот џудист за Спортмедиа, инаку државен првак во својата категорија.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје