-->
-->
Истепан судија по фудбалски натпревар во Горна Бањица
-->

Група граѓани од село Бањица го нападнале главниот судија С.М. (28) по вчерашниот фудбалски натпревар меѓу екипите на село Горна Бањица и „Беса“ од село Добридол.
Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил попладнето околу 15 часот во село Горна Бањица, Гостиварско, а поради брзата интервенција на полицијата бил спречен посериозен инцидент.
Во Полициската станица - Гостивар судијата посочил дека меѓу напаѓачите го забележал Е.А. кој со тупаници во пределот на главата и со нога во пределот на телото му нанел повреди, а потоа почнале да го удираат и други лица од село Горна Бањица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
