Истекува рокот за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година
Заклучно со 31 декември е отворен Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2015 година, признание што шеста година по ред го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Право да конкурираат на отворениот повик имаат млади до 30 годишна возраст, кои имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, а резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.
Според Даниел Денковски, носител на признанието за 2014 година, кој работи на полето на електротехниката и информациските технологии, постои квалитет кај младите кадри во Македонија што се занимаваат со научно-истражувачка работа и има можности да се успее.
- Задоволство и чест е да се добие такво признание од Претседателот на Република Македонија, како верификација на мојата досегашна работа. Исто така, тоа беше мотивација да продолжам да се занимавам со научно-стражувачка работа и да завршам уште една успешна, 2015-та година, со неколку публикации и една награда на меѓународна конференција, истакна Даниел Денковски, носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2014 година.
Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, иницирано од страна на претседателот на Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
- Младите кадри во Република Македонија знаат, умеат и ја сакаат науката. Токму од тие причини Претседателот на Република Македонија ја востанови оваа награда Најдобар млад научник, за да ги стимулира младите во Република Македонија да се занимаваат со наука и сето тоа да го применуваат, да го имплементираат, за да се подобрат општествено-економските услови во Република Македонија, рече Атанас Кочов, претседател на комисијата за доделување на признанието „Најдобар млад научник“.
Апликацијата треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2015 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31 декември 2015 година.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата