Истекува рокот - Еве до колку часот може да поднесете ГДП во УЈП
Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2016 година. За да се излезе во пресрет на граѓаните кои треба да поднесат годишна даночна пријава и да го испочитуваат рокот даночните шалтери на УЈП денеска ќе работат до 20 часот.
Од УЈП очекуваат годинава да бидат поднесени вкупно 420.000 годишни даночни пријави. Заклучно со 13 март 2017 се поднесени 362.523 годишни даночни пријави. Најмногу пријави се доставени во Скопје 144.066, Штип 62.786, Прилеп 49.085, Битола 45.701, Струмица 32.868 и во Тетово 27.345 годишни даночни пријави.
Годишна даночна пријава имаат обврска да поднесат сите физички лица, резиденти во Република Македонија, кои во текот на 2016 година оствариле приходи по разни основи.
УЈП за поднесување на ГДП отвори и дополнителна канцеларија сместена во зградата на ССМ, а ГДП во Скоје може да се поднесе и во општина Чаир и Регионална дирекција - Скопје. Во Регионалната дирекција - Скопје, пак, може да поднесат ГДП и даночни обврзници кои привремено престојуваат во Скопје.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство