Свет
12. July 2018 - 12:54

Испраќање на тајландскиот херој: Загина помагајќи им на заробените дечиња, последните пораки на татко му и сопругата го кршат срцето

Телото на тајландскиот нуркач кој загина на 6-ти јуни додека доставуваше кислород на дечињата на заробени во пештерата во Тајланд, ќе биде вратено во неговиот роден град и погребано со најголеми почести.

Поранешниот тајландски маринец, 38 годишниот Саман Кунан почина кога останал без кислород во тесните водени пролази на пештерата Там Луанг на северот на Тајланд, обидувајќи се да ги спаси заробените дечиња.

Саман Кунан го даде својот живот за младите членови на фудбалскиот тим да ја погледнат светлоста на денот, а неговата земја ќе му се заблагодари со најголеми почести. Неговото тело е пренесено во неговиот роден град Рои Ет, а погребот ќе го финансира кралството, како што објави кралот на Тајланд.

-Како да сум починала, а се уште сум жива, кажа неговата сопруга и додава дека тој сакал да им помага на другите, дека е горда на него и дека тоа ја ублажува тагата. Многу се сакавме и тоа си го говоревме еден на друг секој ден пред да отиде на работа. Саман еднаш ми кажа дека не знаеме кога и како ќе починеме и затоа мора да ја негуваме љубовта секој ден, вели во солзи сопругата на настраданиот нуркач.

Таа кажа и дека има последна порака за својот сакан сопруг: „Душо, ти си јунак во моето срце. Секогаш си бил и секогаш ќе бидеш.“

Таткото на Саман, 60 годишниот Вучај Кунан, изјавил дека е неизмерно горд на својот син.

-Многу сум горд, но и многу тажен. Го изгубив својот сакан син, кажа тој.

-Нека се одмори на мир. Тато те сака, кажа очајниот татко.

Инаку, Саман во пештерата оставаше боци со кислород, како дел од припремата за спасувањето на 12- мали фудбалерчиња.

Но, остана без воздух околу 2 часот после полноќ, а неговиот нуркачки партнер не успеал да го оживее. Тој покажал најголема гордост и жар за учество во оваа акција.

-Се гледаме вечер во Там Лунагу. Ќе ги вратиме децата дома, беше полн со ентузијазам и со мерак тоа да го оствари и пред полетувањето на северот на Тајланд.

Неговата последна објава на Фејсбук била фотографија на која позира со другарите на влезот во пештерата.