ОН испраќаат Комисија за истрага на судирите во Појасот Газа
Советот на ОН за човекови права денеска усвои Резолуција за испраќање во Појасот Газа на меѓународен тим специјализиран за воени злосторства, со задача да испита евентуални прекршувања при неодамнешните судири на границата на оваа палестинска енклава со Израел.
Со 29 гласа „за", два „против" и 14 „воздржани“, Советот ја усвои Резолуција во која се повикува на „итно испраќање независна меѓународна комисија", која ќе ги испитува прекршувањата на човековите права и малтретирањата за време на судирите меѓу израелската армија и учесници во масовните палестински протести, кои започнаа на 30 март 2018 година.
САД и Австралија гласаа против, а меѓу апстинентите беа Германија, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Унгарија и Грузија.
Претставниците на Германија, Австралија и Унгарија изјавија дека не можат да ја поддржат Резолуцијата, бидејќи таа не ја одразува коректно улогата на Палестинската автономија и „недржавните учесници“.
Израелското Министерство за надворешни работи преку соопштение ја отфрли одлуката на Советот на ОН, нагласувајќи дека овој орган е пристрасен против Израел и во него „владеат лицемерие и апсурди“.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите