ИСППИ ќе презентира резултати од истражувањето „Идентитетите на студентската популација“
Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”
- Скопје утре ќе ги презентира резултати од истражувањето во рамки на проектот „Идентитетите на студентската популација во Република Македонија“, реализиран во периодот од 2013 до 2015 година.
Целта на овој проект, како што објаснуваат од ИСППИ, беше да се направи приказ на идентитетската определба на студентската популација во Република Македонија во услови на актуелните општествени и политички констелации. Ќе бидат презентирани резултати кои се однесуваат на состојбите во однос на колективните наспроти индивидуалните идентитети, како и степенот на религиозноста кај студентската популација во Република Македонија.
Резулатите ќе ги презентираат проф. д-р Ганка Цветанова и доц. д-р Бојана Наумовска, а во дискусијата се поканети да учествуваат академик проф. Катица Ќулавкова од МАНУ, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и проф. д - р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки, Скопје.
Презентацијата е во рамки на „Научната среда“, настан што еднаш месечно се одржува во Институтот, а на кој ќе бидат презентирани или ќе се дебатира за истражувања и проекти од научно и општествено значење.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите