Исповед на очајна жена: Мојот маж со години ме изневерува со мојата сестра, а јас не можам ништо да направам

Млада жена од Осијек длабоко е рзочарана од сознанието дека нејзиниот сопруг ја изневерува и тоа со нејзината сестра со која била многу блиска.
Ова е исповед на 32 -годишна жена од Осијек на која нејзината сестра и признала дека има афера со нејзиниот маж.
- Не можам да верувам дека не сум забележала. Дури две години се љубовници - мојата сестра и мојот маж. Наивно верував дека сестрами често доагаше кај мене само за да минуваме повеќе време заедно, но не било така. Пред неполн месец ми рече дека би сакала да разговара. Ми делуваше некако невообичаено и сериозно. Прво што изговори беше: „ Не можам повеќе да го држам ова во себе, не можам. спијам со твојот маж речиси две години“. Останав скочанета. Најпрво ми се причини дека не слушнав добро, а потоа ме фати вртоглавица.
Цел свет ми се сруши во еден момент. Исчезнаа сите андежи, сите планови... Почуствував длабока празнина. Не знам колку време помина додека не бев способна да изговорам нешто. Ја прашав зошто тоа го направила. Ми рече дека мојот маж ја привлекува од првиот ден кога сум ги запознала. Плачеше и се обидуваше да ми објасни како не сакала тоа да се случи. но дека нивните емоции биле посилни од разумот.Ми кажа како се почнало додека бев бремена со напиот син, во периодот кога сум добила компликации и бев во болница. Тоа сознание ме докрајчи. Се наоѓале кај неа во стан, а тој мене ми зборуваше како тој мора подолго време да остане на работа или надвор со пријателите. Ништо не се сомневав бидфејќи многу работеше.
По признанието на сестрата синот го однесов кај мајка ми и чекав мојот маж да дојде дома. Не се ни обиде да лаже или да тврди дека не е вистина. Тивко призна дека е така и дека тој и мојата сестра многу се сакаат. Ми рече дека сака развод, но немал храброст да ми каже што се случува. Дури и плачеше.
Му реков да си ги собере работите и да оди. Се всели кај мојата сестра. Ќе бидам најсреќна кога ниту еден од нив повеќе во живото не би ги видела, но немам избор. Не можам да му забранам на мојот син да го гледа својот татко.
Ново на Сител
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
-

Ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци во детски играчки, алармира ДЗР
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
