Живот
5. August 2015 - 16:13

Исповед на еден гастербајтер: Сите мислат дека сум банкомат

Старото „БМВ“, кое го купив половно и го чувам во гаража од минатото лето за посетата на татковината, бидејќи на работа во Германија одам исклучиво со воз, а низ градот со велосипед, добро го исчистив. Купив нови навлаки за седиштата и го средив да изгледа како ново.
 
Жената и децата купија многу маици, фустани, панталони и уште некои ситници кои се на распродажба. Заедно со ќерка ми, ги фрливме пластичните кеси, а купените работи фино ги спакувавме во некои украсни и ги отстранивме цените, за да не се гледа колку сме платиле. Ја земавме целата годишна заштеда, жената малку отиде и во минус на картичката, па пред две недели отидовме во татковината, за да се одмориме, а потоа и да се вратиме со празни џебови.
 
Вака својата приказна за „Ал Џезеира“ ја започна еден сарајлија кој се одлучил да ги сподели неволјите кои повеќето припадници на дијаспората на БиХ ги доживуваат кога ќе се вратат дома.
 
– Секој месец испраќаме пари во Босна, бидејќи половина од роднините се невработени, а и тие што работат или примаат пензија, исто како и да немаат пари. Тие во нас гледаат некои магионичари и јас таа слика не смеам да им ја расипам. Некогаш ќе се обидев да има кажам како тешко работам, но овие моиве како да се глуви, никогаш не ме слушаат. Тие мислат дека мене таму во туѓина печени кокошки ми паѓаат од небото. Не сакам да се расправам со никој, но малку сум уморен од се во ова, од тоа што станав банкомат од кој се извлекуваат само пари – изјави тој.
 
Наведе како еден негов сонародник, кој исто така работи во странство, пред доаѓањето на годишен одмор во Босна подигнува мали кредити, за да може да биде тоа што го очекуваат од него роднините и да може да ги засити апетитите на поблиските и подалечните роднини. Годишно дијаспората на БиХ испраќа околу 1. 75 милијарди евра што е околу 30 отсто од БДП на оваа земја.
 
– Не сакаат само додека им испраќаме пари, а инаку за нив сме идиоти. Ни се смеат зад грб. Не еднаш сум слушнал кога влегуваме во кафеана да речат: „Уууу еве ви ја дијаспората, видете како се облекле!“ Некогаш стануваат и си одат а некогаш остануваат и гласно коментираат за нашиот акцент, кога ќе нафрлиме некој странски збор – се жали Аднан М. по потекло од Зворник, кој после последната лоша епизода од „одморот во татковината“ се одлучил да не доаѓа барем некое време.