Исплатени субвенции за лозарите
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 субјекти исплати 582.841.911 денари за одгледувачите на лозови насади.
Како што информираат од Агенцијата, станува збор за исплата по мерката 1.11 – Директни плаќања за оддржување на лозови насади. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта.
Ново на Сител
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница