Исплатена зголемена социјална помош, детски и образовен додаток
Над 25 илјади домаќинства денеска добија поголема социјална помош, односно гарантиран минимален приход, а оние кои имаат деца што одат во училиште и детски и образовен додаток. Со ова почна спроведувањето на социјалната реформата, која овозможи зголемување на паричната поддршка на социјално ранливите категории и поголема достапност во остварувањето на детскиот и образовниот додаток.
-Денеска почна исплатата за гарантиран минимален приход, детски и образовен додаток. Центрите за социјална работа ги подготвија исплатите за повеќе од 25.794 домаќинства. Ова покажува дека сите овие домаќинства добија гарантиран приход, а оние кои имаат деца во образовна возраст добија и образовен и детски додаток, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, додавајќи дека на ваков начин почна имплементацијата на социјалната реформа.
Вели дека вработените во центрите за социјална работа завршиле голема работа овозможувајќи во најбрз можен рок реформната да се имплементира а ранливите граѓани да добијат на своите сметки достоинствена сума.
-Сметам дека Центрите за социјална работа покажаа дека имаат капацитет и човечки потенцијал да испорачаат реформа за која голем дел од граѓаните се сомневаа, рече министерката.
Директорка на Центар за социјални работи на Скопје, Наташа Станојевиќ истакна дека со нејзините колеги од центарот, кој, како што рече, опфаќа најголем број корисници и опфаќа најголем дел од територијата на државата направиле се да ја имплементираат реформата за да можат граѓаните од социјално ранливите категории да добијат зголемена парична поддршка од државата.
Таа ги повика корисниците на родителски додаток чиј единствен приход е тој додаток да аплицираат за детски додаток, а доколку имаат деца кои се во училиште во септември да аплицират и за образовен додаток, бидејќи, како што рече, тие сега не се опфатени и треба да поднесат посебни барања за детски додаток.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот