Исмет Јилмаз: Нема турски војници во Сирија
Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз денеска демантираше дека турски војници во текот на викендот влегле на територијата на Сирија, истакнувајќи дека официјална Анкара не разгледува испраќање сили во соседна држава, јави Анадолија.
- Тоа не е точно. Нема турски војници кои влегуваат во Сирија, посочи Јилмаз.
Тој исто така демантира дека авион на Саудиска Арабија слетал во базата Инџирлик, додавајќи оти со Ријад е постигнат договор за испраќање на четири воени авиони Ф-16.
Сириската Влада вчера го осуди турското гранатирање на курдските сили во северниот дел од Сирија и апелираше до Обединети нации да дејствуваат.
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу во саботата изјави дека постои можност Турција и Саудиска Арабија да почнат копнена операција против Исламска држава во Сирија.
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец