Исмет Гури и Ејуп Алими повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“
Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци
Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година.
Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен суд.
Во март 2020 година Основниот кривичен суд обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, ги прогласи за виновни за уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година и го осуди по три години и шест месеци затвор.
При објавување на пресудата тогаш судијката Марија Клетничка-Марковска, рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал. Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.
Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими и ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“.
Ново на Сител
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
