Исмаили : Со „МојДДВ“ добиваат сите граѓани, а се полни и буџетот на државата
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска беше дел од караванот „МојДДВ“ поставен во Рамстор маркет во „Палма мол“ во Тетово. Тој пазареше во маркетот по што ја скенираше фискалната сметка со помош на апликацијата за мобилен телефон.
– Добиваат сите граѓани, а се полни и буџетот на државата. Апликацијата или проектот е мошне лесно изводлив, се прави после наплаќањето. Се зема фискалната сметка, се зема бар код што е на фискалната сметка со посебната апликација што е на телефонот и со тоа веќе граѓаните може да си повратат средства и да си го зголемат својот домашен буџет, потенцира министерот за култура.
Тој потсети за значење на проектот за изведување на државните проекти.
– Од друга страна пак, со овој проект се намалува сивата економија и се полни државниот буџет. Знаеме дека од државниот буџет се финансираат разни проекти што се од културно значење, но и пошироко. Затоа, апелираме сите граѓани да пристапат кон овој проект и да го користат секојдневно, бидејќи знаеме дека секојдневно трошиме и купуваме, посочи Исмаили.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска