Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан“

Исландскиот писател Браги Олафсон ќе биде специјален гостин на 5. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“, што ќе се одржува од 28-ми до 30 мај во Скопје.
Тој ќе биде во друштво на уште шест писатели од Балканот. Организаторот на фестивалот, издавачката куќа „Икона“, ги издаде романите „Миленичињата“ и „Амбасадорот“ на Олафсон, во превод на Натка Најдов. Двете дела ќе бидат промовирани во рамките на тридневниот фестивал.
- И покрај завидната писателска кариера, Олафсон, пред сѐ, е познат како музичар. Тој беше дел од познатиот бенд „Шугаркјубс“ и со години верен басист на Бјорк. Роден е во Рејкјавик во 1962 година. Интересен е изборот на професии кои тој го имал. Работел како поштар, службеник во банка, асистент на продажба, музичар, новинар...Тој е косопственик на музичката компанија „Бад тасте Лтд.“, што постои 30 години и издава популарна музика, џез, модерна исландска музика, соопшти организаторот на фестивалот.
Неговите романи „Слободни денови“ и „Миленичињата“ биле во потесен избор на двете главни литературни награди во Исланд. Романот „Игри за забава“ во 2005 година ја освои наградата за најдобар роман според изборот на вработените во исландските книжарници, додека „Амбасадорот“ ја освои Исландската награда за најдобро продавана книга, а беше номиниран и за Исландската литературна награда во 2006 година и Литературната награда на нордискиот совет во 2007 година. За романот „Писма за намера“ Олафсон во 2010 година повторно беше номиниран за Исландската литературна награда.
- „Амбасадорот“ беше објавен во САД во 2010 година и придоби одлични критики. Романот е исто така преведен и на дански, германски и на други јазици. „Исландската филмска компанија“ ги откупи и филмските права за филмот. Олафсон студирал филологија, со фокус на англискиот, шпанскиот и францускиот јазик - од кои превел поезија. Во Исланд е познат и како драмски автор, а првата драма „Белгиско конго“ имаше премиера во 2004 година, наведува „Икона“.
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
