Живот
16. December 2017 - 11:16

Искрена исповед: Работам во Германија гладна сум, ненаспана и скршена

Не се сите иселенички приказни како бајки. Понекогаш плановите за подобар живот во емиграција паќаат како кула од карти.

Порталот Express.hr пренесува приказна  на Хрваткиња на привремена работа во Германија која живее маѓепсано во кругот на кредити, долгови и немаштија. Сакала да остане анонимна, а ова е нејзината приказна:

- Во Германија сум година и половина. Се одеше по текот; работев се и сешто за таа плата, која ми беше сигурност за моите деца кои се во Хрватска. Кога станав кредитно способна, подигнав кредит кој би го покрил оној со кој сум се задолжила во Хрватска, во времето кога работев со месеци без плата. Сите кои тоа го поминале знаат за што зборувам; деца, училиште, сметки, карти, останатото да не го набројувам. Моите почнуваат кога пред пет месеци ја променив работата. Работниот ден до тогаш ми траеше од шест часот наутро до навечер, која како ден, но пред 20 часот не завршуваше. Помеѓу смената пауза од еден или два (но тоа не е пауза како секаде туку друга работа затоа што фирмата така бара), без ниту еден слободен ден, или недај Господ, викенд. Дојдов до фаза кога спиев седејки, а работата беше таква што морав да бидам сконцентрирана максимално. Некогаш успевав да зготвам супа и тоа ако сила после работата. Претежно гладна, ненаспана, скршена и психички и физички, тоа го трпев наназад пет месеци кога дадов отказ. Тука почнуваат моите маки. Поранешната фирма испрати допис дека ќе ми испалатат платата, секако, која никогаш не се најде на мојата сметка ниту пак ми ја вратија мојата диплома. Но јас за рок од пет дена почнав да работам во друга фирма. И сега требаше да работам два месеци без евро. Станот во кој живеев редовно го плаќав додека моите примања беа редовни, за да сопственикот на крај дознае дека сум дал отказ во таа фирма и ми кажа дека морам да се одселам или ќе ми ја зголеми киријата, затоа што знаеше дека немам излез. На тоа и се согласив. киријата треба да се плати, дома во Хрватска треба да се плати, кредитот чека, карта за С-бан... За храна нема ни збор, а мојата плата која крваво и поштено заработувала, нема , ја завршува својата исповед.