Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, финансирал 219 операции за деца, кои треба да им ги спасат животите.
Триесет и едно годишниот фудбалер нема намера да застане тука и ќе ја продолжи својата добротворна работа во текот на новата година.
– Веќе се завршени 219 операции, но треба да дојдат уште многу. Како што објавивме со мојата сопруга за време на нашата венчавка во јуни 2019 година, ќе ги покриеме трошоците за уште 1.000 операции за спасување на животот на деца ширум светот. Благодарам на секој гостин на нашата свадба, фан или следбеник што донираше за овој проект и посебна благодарност до исклучителните медицински тимови. Ова е само почеток! Ние гледаме кон 2020 година и ќе им помогнеме на стотици други деца кои имаат потреба од тоа, напиша Озил на социјалните медиуми.
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
