Исклучена електричната енергија во КЈП „Водовод“ од Кочани
КЈП „Водовод“ од Кочани денеска остана без струја откако беше прекината испораката од електричната мрежа поради неплатен долг кон добавувачот ЕДС – Скопје.
Освен управната зграда, напојувањето беше прекинато и во објектот Стопански двор, во кој се сместени неколку работни единици на претпријатието, а во непосредна близина е и градската капела.
Раководството на комуналното претпријатие е недостапно за медиумите кои очекуваат подетални информации за сумата што ја должи и какви постапки ќе се преземат за да се надмине состојбата.
Поради специфичноста во работењето, во меѓувреме преземени се активности да се обезбеди напојување со струја за капелата и бензинската пумпа лоцирана во кругот на Стопански двор, за да можат да функционираат возилата за комунална хигиена.
Најголем дел од енергијата во „Водовод“ се троши за моќните пумпи за црпење вода од бунарите кај селото Грдовци и нејзин транспорт до филтер станицата во Кочани, за што месечно се плаќаат по околу 1,5 милион денари.
Ново на Сител
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион