Спорт плус
20. September 2021 - 12:09

Иштван Корели е новиот претседател на Европската ВАКО федерација

На собранието на ВАКО Европа кое се одржа викендов во Будимпешта за време на светскиот куп во кик бокс за претседател на ВАКО Европа е избран господин Иштван Корели кој две години ја водеше европската ВАКО федерација.

На собранието со право на глас присуствуваше и гласаше претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија Мр. Дејан Митровски Урко каде го придружуваше и генералниот секретар на КМФМ Драган Атанасовски. 

Иштван Корели беше едногласно избран за нов претседател како резултат на доброто водење на Европската ВАКО федерација од кога е вршител на должност.