Исечени бадникови гранчиња - Почнаа подготовките за празнување
Пандемијата годинава нема да е пречка за традиционалната Божиќна манифестација. Со берење гранчиња од Бадниковата шума на Водно започнаа подготовките за најголемиот христијански празник, Христовото раѓање. Дабовото гранче е симбол на долговечноста, па верниците го закачуваат на влезот од домот верувајќи дека ќе им донесе среќа, здравје и долг живот. Според традицијата, новите кумови први пресекоа Бадниково гранче.
Со здравица и желби за добро здравје претходниците го предадоа кумството.
Граѓаните се среќни што пандемијата не ја прекина традицијата, а новите генерации се приклучуваат и ги продолжуваат обичаите.
Желби за добро здравје упатија и дел од градоначалниците.
Верниците се радуваат што за разлика од лани, кога имаше забрана за масовни собири, годинава Бадник и Божиќ повторно ќе може да се празнуваат според традициите.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
